Знаеме дека местењето на креветот секое утро и средувањето на спалната соба е ритуал кој што помага во поставувањето на уреден тон вопшто, до крајот на денот.

Дневното раскревање на масичката за кафе може да биде слично. Раскревањето на масичката во дневната соба е како местење на креветот.  Потрошете неколку минути од денот за да ја раскренете вашата масичка, а со тоа ќе уживате во ‘чистиот ум’ и ќе го поставите тонот во дневната соба.  Во продолжение прочитајте неколку начини за брзо средување на масичката.

Зошто "раскревањето на масичката" е ново "местење на кревет"

  1. Послужалник

Убав декоративен послужалник или кошница на масата за кафе може да изгледа како добра идеја, но всушност може и да го попречува патот до средена маса.  Вистината е дека всушност, натрупувањето често создава поголем неред – така што кога една група на мали случајни предмети (ситни пари, прибор за пишување и пошта) завршува на едно место, многу е поголема веројатноста, покрај овие, да додадете и други предмети во купот и да завршите со атрактивна кошница/послузалник со несакани предмети.  Многу е подобро да си создадете место за складирање далеку од вашата масичка.

  1. Не ја користете како магацин

Ако апсолутно морате да ја користите масичката за одлагање, тогаш тоа нека биде во вградена фиока и скриено од поглед.  Додека убавиот дисплеј со книги или магазини нема тотално да ја опстуираат масичката, тоа не е случај со случајно залутаните мали предмети, кои создаваат секојдневна обврска за раскревањето.  Наместо секојдневно да го организирате вашиот асортиман на масичката, направете си услуга и вложете во масичка со фиоки или полици за складирање, со што масата ќе ви биде секогаш средена и ненатрупана.

  1. Заменете ја за помала

Наместо да се обидувате да ги соберете сите мали предмети што можеби сакате да ги имате на располагање на масичката, размислете да одберете помала маса која има доволно простор само за вашите најважни предмети,  кои навистина треба да ги имате во близина: далечински управувачи, книгата што ја читате во моментот и место за поставување на шолја за кафе – без да оставите простор за непотребен неред што ќе мора да го раскревате секој ден.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!