По предвремената смрт на ‘ Папата на Поп Артот’ во 1987 година, беше повикан Дејвид Гембл за да ја фотографира неговата куќа во Њујорк, а една фотографија од таа серија продолжува да предизвикува интерес.

Помеѓу асортиманот на парфеми, напивки и производи за лична хигиена, наменети за масажа  на лице и тело, во кабинетот во бањата на Енди Ворхол (а.к.а. medicine cabinet)  ќе пронајдете и Shelly Marks Potpourri, Xerac BP/10 “за третман на акни,” Exsel Selenium Sulfide лосион “за скалп,” Interce хербален скраб и Cetaphil лосион за чистење на кожата. За некој кој ја обожува комерцијалноста на неговите платна, било кој од овие предмети можел да биде негова следна слика.  Можеби самиот кабинет за лекови беше последното големо уметничко дело на Енди Ворхол, кое беше закачено во бањата до спалната на вториот спрат од неговата куќа на East 66th Street во Њујорк. Зад бројните шишенца имаше огледало кое ја зголемуваше квотата. Со текот на годините, тоа стана нешто како трајна фасцинација, уметничко учење.  Неговиот пријател и поранешен вработен во Interview, Боб Колачело, ја испиша содржината на кабинетот на задната страна на некои бизнис картички, кога го посети станот за првпат по смртта на Ворхол.  Овие производи беа “само почеток на она што Енди Ворхол сметаше дека му е потребно за да се соочи со светот”, напиша Колачело во последната реченица од епилогот во неговата биографија за Ворхол од 1990 година, “Светиот терор”.  Разгледувањето на содржините на кабинетот во неговата последна резиденција беше дел од десетдневната работа за фотографот Дејвид Гембл.  Тој беше повикан од бизнис менаџерот на Ворхол, Фред Хјуз да го фотографира домот од 750 квадратни метри на Еаст 66, во кој што Ворхол живееше од 1974 година до неговата смрт во 1987. Во него тој ги чуваше своите 610 картонски капсули. Сета негова сопственост требаше да биде продадена на огромната аукција на Sotheby’s во 1988 година. Кабинетот беше исто така фотографиран. Уметничко дело.  На аукцијата, фотографијата на Гембл достигна 25.000 долари и сега таа е дел од постојаната колекција на Музејот на Енди Ворхол. “Она што го предизвикав е тоа што луѓето ги направив воајери”, објаснува Гембл во врска со неизлечивиот интерес за кабинетот. “Бањите се многу интимни: тука ја чувате кремата за отстранување на влакна, вазелин, лабело за усните, вашиот моден тен и таму ќе ги откриете сите лекови за проблемите со кожата. Веројатно заради тоа луѓето го сакаат кабинетот “.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.