Што ја разликува една жена од масата на други жени? Се разбира, нејзиното однесување.
Еве неколку правила за потсетување.

Дали знаевте дека жената секогаш му пружа прва рака на мажот? Исто така, постаро лице прво му пружа рака на помладо, а спротивното е знак на непочитување.

Ако шетате по улица со пријателка и ако таа случајно сретне некого и го поздрави и вие треба да го поздравите.

Во ресторан помладите стануваат кога некој постар ќе пријде. Жената станува само ако е млада, а на масата и приоѓа некој постар по возраст или позиција. Општо правило е дека кога некој ќе влезе во просторија каде што има луѓе, тој прв ги поздравува сите, без оглед на полот и возраста.

Дамата никогаш не ги држи лактите на масата!

Жена која е млада по возраст, а е на висока позиција, не треба да очекува сите први да ја поздрават.

Кога станува збор за разговор, вистинската дама никогаш нема да упаѓа додека зборува другиот, туку ќе чека тој да го заврши своето излагање, а потоа ќе го каже своето мислење, без притоа да го навреди ставот на другиот.

Исто така, вистинската дама на комплимент одговара заблагодарувајќи се. Ако на фразата, “изгледаш убаво” одговори со “знам”, таа оставa впечаток на некој со премногу високо мислење за себе.

Кога ќе направите грешка, извинете се – ова е карактеристика на добро воспитана личност, без разлика дали е маж или жена.

Што се однесува до доаѓањето на состанок, вистинската дама секогаш доаѓа на време и се придржува до договореното, а обврските ги исполнува на време, а со тоа покажува дека го почитува туѓото, но и своето време.

Смисолот за хумор е добредојдена карактеристика, но вистинската дама никого не исмева, туку се шегува исклучиво на своја сметка!

Кога станува збор за изгледот, таа секогаш треба да е облечена според приликата. Дискретната шминка е одлика на вистинска жена со префинет стил.

Разбирливо е, дека кога се проѕевате, кашлате или кивате треба да ја ставите раката на устата, но она што малкумина знаат е дека бонтонот строго забранува употреба на „На здравје”. На овој начин, вниманието се привлекува кон лицето кое кивнало, што прави тоа да се чувствува непријатно.

Поздравете го секој сосед кој живее во вашата зграда. Љубезноста и насмевката ќе Ви го разубават денот и Вам и на Вашиот сосед! Постарите персирајте ги секогаш. освен кога тие инсистираат да не го правите тоа и секој пат кога ќе влезете во затворен простор, извадете ја капата или шеширот.

Што се однесува до информациите за вашиот поранешен сопруг, поранешен пријател или поранешна компанија, оставете го негативното за себе. Во спротивно, ќе испаднете озборувачка која не умее да чува тајна и ќе ги натерате луѓето да се запрашаат каква личност сте Вие, штом сте биле во таквите опкружувања.

Една дама никогаш нема да го фрли ѓубрето на улица, туку ќе го сочува до првата канта на која ќе наиде.

Што се однесува до комуникацијата преку пораки, никогаш не пишувајте со големи букви, бидејќи тоа се смета за непристојно и изгледа како да викате.

И најважното правило за дами и за господа – почитувајте ги другите, за да ве почитуваат!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.