Како би можело малото претсобје да стане функционално, потребна е голема имагинација. Ви го претставуваме ова креативно решение кое опфаќа, закачалка, столица и огледало во еден елемент.

Тапацираната ретро столица е комбинирана со минималистичко огледало, кое служи како нејзин заден дел (наслон), на кој исто така можете да ја закачите вашата облека. Висината на огледалото е 188см, ширината 43см, додека длабочината на столчето кон огледалото е 53 см.

Ова е дизајн на Италијанската фирма “Cole“ и и направен во комбинација на обоен медијапан (рамката на огледалото), полно дрво (конструкција на столчето) и седиште на столчето кое е тапацирано и пресвлечено со ткаенина.

Видете колку простор е потребно за да сместите комода за чевли, а колку за гардеробер, како и интересно парче мебел кој ги комбинира закачалката и столчето во еден елемент.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.