За фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот, кој содржи многу мистичност во себе. Всушност, фенг шуи е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.

Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи, која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас, директно или индиректно.

Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии, кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.

Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите. Како за пример, ќе го споменеме еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп, кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.

Извор: Се За Домот

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.