Мислите дека зимата е лоша онаму каде што живеете?  Обидете се да направите споредба  со Хелсинки, Финска. Дури и во јужна Финска, зимата е најдолга сезона во годината, при што температурата се намалува до околу -10 степени Целзиусови. На најкраткиот ден од годината, сонцето заоѓа малку после 15 часот. Вистински рецепт за сезонско афективно растројство!  Меѓутоа, во срцето на градот, еден стан има весел противотров: многу и уште повеќе боја.

Мина Парика е дизајнер на чевли од Финска, чии невообичаени креации  вклучуваат  патики кои изгледаат како зајачиња и чевли со потпетици како лижалче.  Нејзиниот стан во Хелсинки идеално го отсликува нејзиниот колоритен и интересен стил.  Забавата започнува во дневната соба, каде Мина наместо софа,одбра интересни фотелји, вклучувајќи висечка Bubble фотелја од Eero Aarnio.

Во овој апартман во Хелсинки летото трае цела година

Мина, исто така има неконвенционално решение за телевизорот.  Преголемото уметничко дело, омаж на Дејвид Боуви oд Craig & Karl,  всушност е кабинет кој го крие телевизорот.  Масата е огромен доказ, ако е потребен, дека дизајнот од 80тите се враќа.

Спалната соба е како мала, Милениал розова кутија  за накит. Се е изработено по нарачка: креветот, потпирачот кој го исполнува ѕидот, гардероберот – и сé е во истата розова нијанса.

Во овој апартман во Хелсинки летото трае цела година

Во станот на Мина има многу други прекрасни елементи, вклучувајќи ја сауната, но и гардероберот полн со чевли 🙂 .  Погледнете.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.