Сопственичката на овој ентериер е израсната на швајцарските планини во вистинска селска идила. Нејзиното детство на неа имаше силно влијание, па токму затоа, таа носталгија за живот во истите планини, била темел на нејзината инспирација за уредување на куќата во Англија. Во предградието на Кембриџ се досели со својот сопруг, кој исто така детството го поминал во рамките на селска идила. Беа согласни во тоа дека и своите деца ќе ги одгледуваат во такво опкружување, на свеж воздух.

Затоа купија куќа стара 250 години и ја преуредија така да можат да и вснесат во неа здив на минатот, а во исто време да потсетува на природата.За мебелот, подовите и завесите користеа неутрални бои. Белата е совршено вклопена со нијанси на кафеава. Потоа и додаоа цветни дезени, дезени кои потсетуваат на рустикален стил, како и сина боја. Овие елементи му дадоа потребна живост на ентериерот но и доза на динамичност. Освен декоративните елементи со цветен дезен, на еден од ѕидовите во дневниот престој поставија тапети со шара и со мебелот направија вистински винтиџ изглед. Во уредувањето единствено се истакнува собата за ќерката, во која не превладуваат цветни дезени, туку силна розова боја во склад со трендовите.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.