Кафето – билка која стана цивилизациски и културолошки феномен

Кафето представува свакодневен ритуал за многу луѓе во светот. Тоа е вториот најупотребуван производ на светот,веднаш после нафтата и втор најпопуларен напиток, веднаш после водата. Во светот дневно се испиваат 1.400 милиони шолји кафе. На земјите производители кафето им носи заработувачка од 30 милијарди евра годишно.
Некогаш нашите баби ни велеа дека од кафето ќе ни порасне опашка, испивајќи го притоа своето петто кафе во денот. Во тинејџерските години кафето како да не воведува во светот на возрасните.
Убаво е да се имаат пријатели и лајкови на ФБ, но вистинското пријателство се препознава само со дружење во живо.
Истражувањата потврдуваат дека кафето помага во социјализацијата. Со него сме подружељубиви и повеќе разговараме, но и озборуваме. Дали сте виделе некој да озборува пиејќи сок или шампањско?! Како во кафето да постои некоја тајна состојка која ја поттикнува желбата за озборување.
Кога од Запад се оди кон Исток, или од Север кон Југ, се повеќе се озборува. Можеби заради тоа што на Исток и Југ кафето се пие седејќи и полека, додека на Запад и Север кафето скоро секогаш се пие со брзање.
Од друга страна, кафето е најдобар начин да направиме пауза во текот на денот. На тој начин се ресетираме со цел да бидеме поефикасни во остатокот од времето, откако сме си дозволиле мало, слатко уживање.
Во прилог, кафето како инспирација на големите сликари!

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.