За безгрижен сон

Иако преку душекот секогаш имаме прекривка, тоа не може да ги сопре изумрените ќелии на кожата, потта, прашината и други, да се појават и да се задржат на душекот. Освен тоа, можеби по него го имате истурено утринското кафе и не знаете како да се ослободите од дамките. Во наредниот викенд, задача нека ви биде темелно чистење на душекот или душеците. Во продолжение ви претставуваме три едноставни чекори за чистење.

1. Чекор: Всмукување на душекот

Преку правосмукалката поставете чиста крпа, за да делот со кој ги всмукувате подовите не дојде во допир со душекот. Потоа темелно всмукајтете го целиот душек и тоа од двете страни. Посебно внимание посветете на вдлабените места, се разбира ако постојат, затоа што таму се собира најголемиот број од тие честички.

2. Чекор: Отстранување на дамките

Дамките на душекот можете да ги отстраните на два начини. Првиот е со помош на спреј, составен од мешавина на хидроген пероксид, детергент за миење садови и зовриена вода. Испрскајте го местото каде што се наоѓа дамката и оставете го две минути, а потоа истријте го со сунѓер.

Вториот начин за отстранување на дамките од душекот е да направите паста од сол и сок од лимон. Пастата размачкајте ја по дамката и оставете ја да стои еден час. Сокот од лимон ќе ја омекне, а солта ќе ја впие.

3.Чекор: Посипете го душекот со сода бикарбона

Како трет и последен чекор посипете го целиот душек со сода бикарбона. Содата ќе ги впие непријатните мириси и валканоста која се наоѓа на душекот. Оставете ја содата да стои еден час, а потоа темелно всмукајте ја.

Важно:

За време на чистењето на душекот, прозорецот нека биде отворен цело време. На тој начин душекот ќе се проветрува, а истовремено брзо и темелно ќе се исуши. Препорачливо е оваа постапка да се повторува на секои три недели.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.