Првиот луксузен хотел во вселената под името „Аурора Стејшн“ според планот, би требало да ги прими првите гости до 2022. година. Оние кои се подготвени за ваков вид туризам и одморот да го минат во вселенско летало треба да подготват околу 7.737.000 евра.

„Аурора Стејшн“ ќе може да прими шест гости истовремено, вклучувајќи и двајца членови на екипажот. Предвидено е патувањето и престојот да траат 12 дена.

Патниците кои можат да си ја дозволат авантурата од околу седум и пол милиони евра ќе летаат на височина од 320 километри над површината на Земјата, од каде ќе можат да уживаат во неверојатните призори на нашата планета.

Гостите ќе можат да видат 16 изгревања и заоѓања на сонцето во рек од 24 часа затоа што хотелот ќе орбитира околу Земјата на секои 90 минути.

Патниците во хотелот ќе имаат одлична услуга, а пред полетувањето во вселената ќе мораат да минат тримесечен програм на обука. При враќањето на Земјата, за сите патници ќе биде организиран свечен пречек.

– Нашата цел е да ја направиме вселената достапна за секого. Патниците до хотелот „Аурора Стејшн“ ќе патуваат брзо и по најниска цена било кога, изјавил основачот и директор на „Орион Спан“ Френк Бангер.

Извор: Кумановски Муабети

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!