Отсекогаш не фасцинирале животите на познатите и славни личности, а со тоа се пројавува и интересот да погледнеме во нивните домови, како би биле уверени дека сакаат исти работи како и ние и дека одмараат на ист начин како нас, кога не се пред камери. Па така, секогаш е интересно да се види каков мебел избрале за својот дом, во што се разликува и дали е олицетворение на апсолутен луксуз или е тоа суптилна елеганција. Во втората категорија од претходно наведените, припаѓа и луксузниот дом на славната актерка и добитничка на ОСКАР, Натали Портман. Куќата која се простира на 370м2 и која се наоѓа во местото Монтесито во Калифорнија ја проектираше архитектот Бартон Мајерс.

Со четири спални соби, пет бањи и прекрасна кујна, оваа куќа во близина на Санта Барбара, со својата задна страна во потполност се отвара кон околната, извонредно уредена природа. Уредувањето е изведено во придушена палета на бои со многубројни класични парчиња како што се персиски ќилими, внимателно одбрани декорации и прекрасни парчиња мебел.

Отворениот распоред ги спојува дневниот престој, трпезаријата, кујната и малото катче за дружење во една просторија на која страничниот ѕид е застаклен и може да се отвара во потполност. Иако самото уредување е елегантно и удобно, погледот на Тихи океан е најубавото откровение во куќата за што и самата актерка кажува како може да ужива во него од сите главни простории на куќата.

Исто како и самата внатрешност, ефектно е уредена и околината на куќата и  со дрвениот мебел прави рустикална атмосфера. Посебно ефектен е надворешниот базен изработен од стакло и бетон и вграден во понискиот дел од опкружувањето како би изгледал природно и ненаметливо. Ние го издвојуваме за уживање погледот од некоја од повеќето тераси на овој комплекс

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.