Иако е најбогата земја во Европа, според проценката на ЦИА, Лихтенштајн нема аеродром, ниту железница, а граѓаните имаат пауза за ручек која трае дури 90 минути.

Во текот на тие час и половина, од 12 до 13:30 часот, државата мора да биде во тишина, односно не е дозволено “косење на тревници, ниту гласна забава (англиски; noisy festivities). При тоа, Лихтенштајн на своите граѓани им налага секоја година во февруари или март да земат седум слободни денови, за да се занимаваат со спорт, на така наречениот “спортски празник“, а данокот на доход е меѓу најмалите во Европа – 12,5 %.

Државата нема излез на море, една е од најмалите на светот и има помалку од 40.000 жители од кои третина се странци. Иако земјата не е членка на ЕУ, таа е дел од Европската слободна трговска зона, од шенген зоната и Европската стопанска зона.

По Првата светска војна Лихтенштајн се најде пред банкрот и земјата реши да ги намали давачките. Затоа во 1950-ите најголем данок беше само 1,4%, што се разбира ги привлече странските компании да отворат свои претставништва во Лихтенштајн.

На тој начин, стопанството до 70-ите години застана на здрави нозе, а денес CIA World Factbook го опишува Лихтенштајн како “напредно, високо индустријализирано стопанство за претприемачите со развиен финансиски сектор.

Но не ѐ само нискиот данок тоа што ги привлече странските корпорации. Таа земја е своевидно даночно скривалиште, па дури има и разлика помеѓу одбегнување на плаќање данок и даночна измама, при што на останатите држави им дава податоци за компанијата или институцијата само во чисти случаи на даночна измама. При тоа, за недостатокот на транспарентноста во банкарскиот систем државата е под постојан меѓународен притисок, па дури се најде и на црната листа на ЕУ, како земја која не соработува во надгледување на даноците..

Автор: Lea Balenovic
Извор: Jutarnjilist
Фотографии: Wikipedia

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.