Во квартот Васастан во Штокхолм, Шведска, це наоѓа овој мал но топол стан, кој се протега на само 20 м2 и освојува со својата едноставност.

Прва просторија во која се влегува е ходник. Тој води кон просторот за складиранје на предмети и тоалетот кој е одвоен од бањата. Тоалетот е со мал план, со бели плочки и потребните предмети скриени во дрвен плакар, изработен од светло дрво и поставен над шолјата. Веднаш до тоалетот е просторот со туш, а тука се пералната и сушарата.

Во главната и единствена просторија до просторот е сместен кревет за една особа со интересен „хедборд“, кој потсетува на некои минати времиња. Прозорската клупа во овој мал простор делува и како помошна наткасна со светилка и дребулии, како што се книги, часовник и останато… Спроти креветот е малата маса со високо столче. Заедно функционираат како простор за јаденје и работа.

Во просторијата е мала кујна со бели плакари и со доволно простор за спремање јадења. Ѕидот од кујната е поплочен со мали сиви квадратни плочки од мермер. Во аголот на просторијата е сместен висок, закривен камин, изработен во бела боја, за да се вклопи со остатокот од ентериерот. Уредувањето на просторот е прочистено и минималистичко, за да дополнително не се затвори и онака малиот простор.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.