Сметајте го за *It* дезен на 2019.

Од самиот почеток во 2017, слободно може да се каже дека промотивната колекција за домот на Gucci  предизвика голема сензација во светот на дизајнот.  Доследни на иконскиот стил на брендот, под креативна насока од Alessandro Michele, колекциите на Gucci се олицетворение на храбрите дезени и употребата на боја по кои што Gucci е добро познат.

Со низа парчиња кои го опфаќаат речиси секој замислив декоративен аспект на домот, инспирацијата ја има во изобилство- најчесто  преку дезенот и бојата.  Комплексно извезените перничиња и елегантниот сет за чај се со мотиви позајмени директно од колекциите на модната писта од истата сезона, украсените седишта се со реси како детал во живописен контраст, а линијата сервис за јадење нуди храбра доза на ексцентричност.

И додека уште можеме да зборуваме  за разните парчиња достапни како дел од линијата, има едно парче кое се издвојува над другите.  Подеднакво колоритно, како што очекувате.  Разиграно, а сепак елегантно и рафинирано.

Тапетот кој наскоро ќе го гледате насекаде

Да, зборуваме за тапетот. Taпетот на Gucci сo принт на чапја е оној кој што се издвојува од вообичаеното, кое сепак успева да задржи достапен квалитет. Отпечатен  е на заситена позадина на земјен тон, со живост што му ја дава појавувањето на црвена и суптилно бела боја, како контраст.

Тапетот е скап, но дали навистина може да се одреди цена на нешто толку убаво како што е ова?  Непотребно е да се каже дека можностите за користење на овој тапет остануваат огромни-мурали, акцентни ѕидови, врамени слики… списокот може да продолжи и понатаму.

Тапетот кој наскоро ќе го гледате насекаде

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.