Вистината е дека скандинавските ентериери можат да бидат поинакви. Обично ги поврзуваме со белите ѕидови, модерни минималистички простори и мебел од ИКЕА. Но, постои и традиционален северен дизајн, токму како во овој шведски стан со цветна позадина во спалната соба и трпезаријата, стар класичен мебел и други атрибути од минатото.

Овој навистина прекрасен и посебен, двособен апартман од 73 м2 со возбудлив план, сочувани изворни детали, континуирани подови, реновирана бања, со една од најубавите кујни и голема тераса свртена кон југ, преплавена од сончева светлина, со излез на неа од спалната соба, дефинитивно има душа. Составен е од големо претсобје со светлосиви ѕидови и извонреден простор за складирање за книги, кое води во: работната соба, собата за спиењр, гардеробата и кујната. Во близина на претсобјето се наоѓа голем гардеробер, кој освен за облека може да користи и за други предмети.

Кујна

Големата, реновирана кујна е уредена со детали кои ги надминуваат сите очекувања. Прозорците со поглед кон југ прават прекрасна светлосна емисија. Кујнскиот намештај е од нерѓосувачки челик и мермерна работна површина, која е добро усогласена со делумно наредени класични бели плочки и ѕидната позадина. Тука се и дрвените ѕидни полици во индустриски стил, на кои се истакнува големиот порцелан. Опремена е со ладилници, има интегрирана машина за садови, плоча за готвење и вградена рерна.

Дневен престој

Од кујната во дневната соба не води мал ходник. Таа е со високи плафони, прекрасно украсени, дрвен под и изворен камин. Опремена е со комбинација на модерен и винтиџ мебел со многу зеленило. Сликите на ѕидовите и уште многу детали ја прават пријатно место за престој.

Спална соба

Складна и удобна, спалната соба е свртена кон дворот. Има голем прозорец и висока двокрилна врата, која води на терасата со поглед на југ и е идеалн место за пиење на првото кафе. Опремена е со голем, удобен кревет, бела комода и ноќно шкафче, како и ѕидна закачалка, која дополнително ја нагласува цветната ѕидна позадина во светлокафена боја.

Работна соба

Од ходникот се влегува и во доплнителниот простор, идеална работна соба од 6 м2. Собата е одвоена од остатокот на станот и е мирно и идеално место за таа намена.

Бања

Бањата е реновирана со внимателно одбрани бои и материјали. Сите детали го следат класичниот стил, а ѕидните метро плочки во комбинација со црно-бели подни плочки и кафената витрина, изгледаат фантастично.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.