Со 47 м2 и само една голема просторија, ова простор нависѕина е интересен пример на скандинавската удобност и стилот на уредување.

Добре дојдовте во прекрасниот дом, на последниот, трет кат на станбена зграда, која ви го запира здивот со својата елеганција. Пријатен и отворен план, со прозорци во двата правци, го прави овој ентериер лесен и прозрачен, а при сето тоа има и огромна тераса, елегантна и раскошна кујна, walk-in плакар, дневен престој и одвоена спална соба и бања.

Уште од претсобјето, волшебната светлина на кујнските прозорци, воспоставува чувство на пријатност благодарејќи на положбата и прозорците на двете страни на светот. Ходникот не води директно во кујна, од десната страна во бања и дневниот престој од левата страна.

Убава, прекрасно уредена и потполно обновена кујна, отворена е кон дневниот престој, а ја истакнува елегантна свтлосина боја со голем работен простор. Опремена е со комбинација на фрижидер и замрзнувач, вградена релна, микробранова печка, апарат за кафе, индукциска поча за готвење, машина за миење садови и комбинирана машина за перење и сушење алишта, додека во внатрешноста на средниот столб вешто е скриен посторот за одлагање и складирање.

Релативно пространа и елегантно наместена, дневната соба има простор за ручање, кауш и полици. Ѕидовите се светло сиви и се добра основа за украсување со топла палета на бои, која доминира со просторот. Големиот прозорец на југ дозволува влез на многу светлина во собата, како и потполно стаклената врата, која води на пространата тераса, од која се простира прекрасен поглед на исток.

Мирнта спална соба е во складни тонови и има огромен гардеробен плакар. Опремена е со простран брачен кревет и елегантни црни ночни комоди. Ѕидовите се обоени во топла сива боја, која дополнително ги нагласува двата бели лустери.

Бањата е едноставна со бели ѕидни плочки и сиви подни, а содржи тоалет, туш и умивалник со огледало.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.