Добра идеа, добар распоред и извонредна комбинација на бои се главните карактеристики на овој стан од 35 м2. Наречен е “Среќа за двајца“, а зад кој стои руското студио Клевер Дизајн. Станува збор за модерно уреден простор во длабоки зелени тонови, со растителни примероци и убави дрвени површини. Дизајнерите го осмислија овој мал стан за млад пар, кој сакаше убав, модерен и прозрачен простор, со одвоена спална соба, но и со отворена и поврзана кујна и дневниот престој, како и елегантната бања со када.

Веднаш при влегување вниманието го привлекува прекрасно уредениот ходник. Убави големи плакари, сместени по должината на целиот ѕид, од подот до таванот, во секогаш шок сива боја. Тука се и топлите дрвени подови, зелените и цветни дезени од дневната соба, кои навестуваат дека станува збор за модерно уреден стан.

Основната боја во целиот стан е неутрална, а се состои од сива и бела палета на бои, надополнета со зелени нијанси, кои на просторот му даваат динамичност. Што се однесува до мебелот, дизајнерите беа непогрешливи. Убава бела кујна со дрвена маса за јадење и сив двосед, како и ѕидови во нежна сива боја, направија од дневната зона совршено место за дружење, со фини јадења и гледање филмови.

Тука е малиот простор за работа, како и освежителната спална соба со оградена тераса, додека бањата е украсена со модерни плочки и осветлување.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.