Тринаесет години откако беше првично проектиран, по бројните промени во дизајнот и менувањето на роковите, луксузниот хотел сместен во напуштениот каменолом конечно е отворен. Импресивна подземна градба, таканаречена “земјодер”, била изградена покрај 88 метри длабоката стрмна страна, во длабокото корито исполнето со вода.

Спектакуларниот хотел, наречен Intercontinental Shanghai Wonderland, се наоѓа на 30 километри од Шангај, во округот Сонгџијанг. Хотелот поседува 336 соби, кои се протегаат на 18 катови, од кои 16 се наоѓаат под нивото на земјата, а два ката се потопени во 10 метри длабокиот аквариум.

Гости во подводните соби имаат посебни погодности, бидејќи имаат несекојдневен поглед од своите кревети, а на располагање секојдневно им се и услугите на лични битлери. Собите на повисоките катови нудат поглед на вештачки водопад, кој за потребите на хотелот е направен на спротивната страна од каменоломот.

“Проектирав многу различни типови на објекти во Велика Британија, Европа, Дубаи и други, но ова е нешто сосема поинакво и речиси стана мое животно дело, поради што можам да кажам дека тоа е веројатно најзначајната градба што ја проектирав,” рече главниот архитект Мартин Јохман, познат по небодерот Бурџ ал-Араб во Дубаи.

Хотелот е проектиран така што има минимум влијание врз природната околина и затоа со најголемиот дел е вовлечен во напуштената јама. Зелени кров на хотел се вклопува во неговато опкружување и служи како место каде што гостите и посетителите можат да уживаат во прошетка и релаксација.

Освен тоа, во план е хотелот да генерира сопствена геотермална и сончева енергија што е потребна за секојдневна работа.

“Ова е уникатна можност што ми даде неколку многу интересни идеи, како да го преобликувам односот помеѓу градот и природата,” вели Јохман, коментирајќи ја несекојдневната локација на хотелот.

Единствениот комплекс вклучува и авантуристички спортски центар, па освен луксузнато сместување и величествениот поглед, гостите можат да се пробаат во слободното качување, банџи џампинг, разни спортови на вода, но и да се прошетаат по стеклата патека сместена на падините на каменоломот.

Цените за ноќевање се движат од 500 до 860 долари.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.