Со пари веројатно среќа не се купува, но можеме да купиме огромна, прекрасна вила, како што тоа го прават бројните познати дами, а погледот фрлен на овие вили и нивната внатрешност можеби и не оди во прилог на реченицата од почетокот на текстот.

Кога ќе посакаат мир, осаменост и сон, славните дами се повлекуваат во своите оази на мир и спокој, а тоа секако се нивните спални соби.

Токму поради тоа, поголемиот дел од нив, своите спални соби ги декорира во неутрални, смирувачки бои, а централното место во собата го зазема голем и удобен кревет. Во повеќето соби доминираат и големи прозорци, кои се одговорни за големото количество светлина, додека навешер се покриени со масивни драперии..

Во какви соби спијат некои од славните ѕвезди, погледнете во нашата галерија!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.