Ако редовно не следите, сигурно сте виделе голем број на инспиративни бањи, од мали и интимни до големи и раскошни, па мислам дека е безбедно да се каже дека има релативно широк опсег на начини на кои може да се пристапи кон дизајнот на oвoj простор.  Од бојата на ѕидовите до плочките и се друго помеѓу нив (светилки, лавабоа, растенија … листата продолжува и продолжува), постојат голем број на важни декоративни елементи кои треба да се земат во предвид. И кога е толку тешко да се избере помеѓу два стила, ние сме тука за да ви помогнеме – и само да потврдам: зборуваме исклучиво, декоративно!

Во последно време, еден изглед се докажува како подоминантен во светот на дизајнот на бањи и тој е еден од оние кои ни се допаѓаат: плочки од подот до таванот.  Битен елемент на разлика се крие во фактот на кохезивниот приод- тука нема простор за мешање.

Во прилог, да погледнеме неколку  простори кои се олицетворение на овој тренд и кои покажуваат како нешто толку едноставно, како што е изборот на плочки, може целосно и со леснотија да го редефинира декоративниот правец на бањата. Уверете се.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.