Кујната е срцето на нашиот дом, вистински центар на случувањата, место каде што секое утро го спремаме своето прво кафе кое ќе ни помогне да го преживееме денот, место каде што со многу љубов ги припремаме јадењата за своето семејство и каде што скришум ги јадеме последните залаци пред спиење. Секогаш полна со бои и мириси, место каде што нашата креативност доаѓа до израз, помогната од топлото окружување. Затоа со посебно внимание го планираме и уредуваме ова важно место во нашиот дом, за да нашата совршена кујна биде идеален спој на убавина и функционалност.

Од друга страна пак, карактеристиките на скандинавскиот стил се едноставност, функционалност, практичност, трајност, квалитет, естетика, чисти линии… Уредување на кујните во скандинавски стил се темели на едноставности и култура на материјалите, а најчесто тоа се eco-friendly , функционални, минималистички, ненаметливи, но истовремено топли, прозрачни и светли кујни, често акцентирани со употреба на дрво, сиров челик, односно материјали достапни  од локалните ресурси. Во нив преовладуваат светли бои, најчесто белата, која се комбинира со придушени бои, на пример црна или сива, но дозволени се и други, пастелни, светли бои. Најчесто розеникава, светло сина и жолта. Ова што следува е нашиот избор на најубавите скандинавски кујни. Погледнете ги и доколку ви се допадне некоја од нив слободно искористете ја како идеа.

Оваа кујна е комбинација на бели и темно сини кујнски елементи, пополнета со ладилник од нерѓосувачки челик, црна трпезарија, дрвени подови и сива работна површина од камен.

Бел кујнски мебел со стакло во позадина и дрвена работна површина и елементи.

Бела кујна со ладилник од нерѓосувачки челик, едноставни плочки и детали од инокс и дрвена маса.

Бели кујнски елементи и кунски остров во комбинација со мозаик во позадина ја направија оваа кујна особено интересна?

Едноставен четириаголен облик на ѕидните плочки во оваа бела кујна со дрвена работна површина и отворени полици изгледаат фантастично.

Доколку сакате кујната да ви изгледа потопло, искористете ја оваа идеа со дрвен кујнски мебел, дрвени греди на таванот, елегантен мозаик на ѕидот и кујнски остров.

Бел кујнски мебел со бела работна површина и ѕид од цигли.

И последна… елегантна црна кујна.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!