Без разлика дали сакате да читате книги или сакате да подарувате книги, дознајте како ѕвездите влијаат на нашиот книжевен вкус.

Овен

Овенот сака да чита, но не по препорака, туку самиот сака да си одбере книга. Во секој случај, сака забавна тематика, понекогаш и саркастична. Главните ликови треба да се успешни, борбени, силни, бидејќи само како такви можат да бидат привлечни за Овенот. Не сакаат патетики, ниту романтични приказни.

Бик

Романтични приказни, големи љубови, но и практични совети за подобар и квалитетен живот се избор на овој знак кога се книгите во прашање. Не сакаат да губат време на негативни нешта, секогаш читаат нешто конструктивно, а обожаваат класики.

Близнаци

За добар почеток на денот Блинаците повеќе сакаат весник отколку книга. Иако сакаат да читаат, мораат прво да ги чујат сите препораки за некоја книга, па дури тогаш да почнат да ја читаат. Близнаците, покрај Девиците и Стрелците, најмногу од сите сакаат да купуваат книги.

Рак

Раковите сакаат бајки, поезија и биографии на познатите личности. Доколку подарувате книга на Рак, треба да знаете што таа личност сака да прави, дали има некое хоби, па согласно тоа и да ја изберете книгата.

Лав

Лавовите сакаат историски романи, како и книги чии теми се општеството и власта. Книгите за принцови, владетели и богатства, се омилено четиво на Лавовите. Блиска им е и литературата поврзана со деловен успех.

Девица

Девиците читаат само проверена литература. На нив не можете така лесно да им подарите книга. Добро информирајте се пред да им купите книга, затоа што Девицата е добро информирана, сака да ги чита препораките на интернет, и искрено ќе ви каже дали некоја книга ѝ се допаѓа или не.

Вага

Љубовните романи, книгите кои ја глорифицираат убавината и животот, се најдобар предлог за претставниците на овој знак. Потрудете се да не ги терате да читаат, така сигурно нема да го сторат тоа, затоа што Вагите мораат за сѐ сами да се заинтересираат.

Шкорпија

Темите кои се мрачни, таинствени, табу теми, можете да ги најдете во домашната библиотека на Шкорпијата. Книги за војни, за секс и за смрт им се најлесни за разбирање на Шкорпиите.

Стрелец

Стрелците сакаат филозофски книги и патописи. Можат да читаат сѐ, но ако некоја книга им здосади веднаш преминуваат на друга. Тешко дека припадникот на овој знак ќе чита бестселер. Сака патописи, клаиски и т.н. сериозна литература. Атлас е вистински подарок за овој знак.

Јарец

Историски теми, класици и практична литература е она што го сакаат Јарците. Овој знак сака антиквитети, стари работи, па и книги од тие области ќе им бидат интересни. Бестселери не ги интересираат, а ако некоја книга им се допадне ја читаат и по неколку пати.

Водолија

Водолијата сака необични книги, за научниците, науката и научната фантастика. Сака книги кои бараат внимание, размислување, а не лесно четиво кое ги опушта.

Риби

Романтични приказни, романи чие дејство се одвива во соништата… Тоа е она што Рибите го сакаат. Фантазии, бајки, научна фантастика и филозофија се книгите кои овој знак сака да ги чита.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.