Се што треба да знаете за конзоли

Стилски, елегантни и вонвременски, конзолите им додаваат доза на шик на претсобјата и трепезариите. Во прилог, погледнете совети за тоа како да ги стилизирате и каде е најдобро да ги поставите конзолите

Одбирање на соба

Претсобјето е одлично место за конзола- тука ги оставаме клучевите, чантите и чевлите кога влегуваме во домот. Ако закачите огледало над конзолата, ќе можете уште еднаш да се погледнете, пред да излезете од дома. Трепезаријата е уште едно одлично место за конзола. Тука, таа служи и како простор за сервирање (кога ви е потребно тоа) и е одлична за чување на чиниите кои не се употребуваат секојдневно. Конзолата, исто така можете да ја поставите позади софата во дневната соба за да создадете уникатен простор со стилизирање, а освен тоа, се добива додатна површина за столни лампи.

Наоѓање на адекватен простор

Не поставувајте преголема конзола во мал простор, ниту пак премала во преголем. Пред да ја купите конзолата, измерете го просторот во кој планирате да ја сместите. Ако е во пропорција со остатокот од мебелот, тогаш таа ќе изгледа одлично.

Како да ја стилизирате вашата конзола

Секогаш започнете со уметничка слика или огледало, кое ќе биде поставено над конзолата. Ако конзолата ја сместите во претсобјето, огледалото е одличен избор, меѓутоа, убавата уметничка слика е одлична опција за секој простор. Внимавајте, сликата или огледалото да бидат две третини од големината на конзолата.

Потоа поставето го најголемото парче на конзолата, на пример лампа или висока вазна, што ја закотвува површината и го прави полесно стилизирањето на помалите предмети. Кога одбирате предмети за конзолата, вклучете разани нивоа- мешавина од ниски, средни и високи предмети, за да добиете поинтересна површина. Најпосле, придржувајте се до околу три групи на предмети, за да избегнете таа да изгледа како асортиман на случајно поставени акцесоари и ако сакате работите да се поврзат, а сепак да делуваат интересно.

Каде да не ја поставите

Конзолите многу често не изгледаат убаво во спалната соба. Таму подобро функционира комода со фиоки, како функционален простор за складирање.

Како да изгледа вонвременска

Ако финишот и обликот на конзолата се класични, таа нема да изгледа застарено. Природните тонови на дрво се секогаш во мода, како и едноставните форми и детали. Исто така, нека вашата конзола биде во стилот на вашиот дом.

Како да изгледа избалансирано

Најважно е да се направи рамнотежа меѓу добро стилизирани и премногу објекти, за конзолата да не изгледа празна, но исто така ниту пренатрупана со премногу работи кои немаат ништо заедничко.
Направете вашата конзола да биде функционална во просторот: на пример, ако таа е во претсобјето, садот за клучеви и корпата за чевли ќе бидат вистински корисни. Во трпезаријата пак, најверојатно ќе ви биде потребен послужалник и простор за складирање. Едноставно, ако одберете функционални предмети кои се исто така и убави, вашата конзола ќе изгледа одлично.

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!