Се разбира дека креативниот тим на ИКЕА има најкул канцеларии

Кога станнува збор за канцеларии, обично нема многу простор за креативност, што е логично, со оглед на тоа дека канцелариите се простории за работа.  Функционалноста, теоретски, треба да биде пред стилот.  Но, кога сте креативниот тим на ИКЕА, правилата се поинакви.

Лоциран во Малме, Шведска, креативниот тим на ИКЕА се наоѓа во зградата која датира од 1908 година и која некогаш била седиште на банка.  Просторот вклучува 15 простории и кујна, сместени во 880 квадратни метри.  Дизајнирани од Nanna Lagerman и Nina Warnolf, сите канцеларии се уникатни.

Се разбира дека креативниот тим на ИКЕА има најкул канцеларии

“Сакавме да создадеме канцеларии во кои ќе се чувствувате како дома и простор во кој секоја соба има свој карактер, чуство, расположение, боја, стил и експресија,” вели Лагерман. “Како бајка, со соби како поглавја.  Сите функционираат заедно, но секоја соба свири своја музика.”

Со цел да дизајнираат канцеларии ињектирани со личност, и простор кој во целост дозволува максимална креативност – важно кога канцеларијата е наменета за креативниот тим на еден од најголемите малопродажни трговци во светот,  Lagerman и Warnolf  го реновираа стариот простор раководени со шест начела.

Фокусирајќи се на неочекувано, а “домашен” фактор, одржливост, флексибилност, конекција и  почит кон вработените индивидуи, завршените канцеларии имаат простор за се- од “brainstorms” на компанијата до библиотека и простор за дружење. И… се разбира, целиот мебел е од ИКЕА. 15 соби се поделени во седум различни делови.

Се разбира дека креативниот тим на ИКЕА има најкул канцеларии

 

Охрабрено цртање на ѕидовите и in-house кафуле!? Не е ни чудо што ИКЕА беше именувана како едно од најдобрите места за работа во 2017 година.

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!