Ако ве интересира цената на вечната младост – одговорот ѐ: милион и пол долари

Куќата пред вас е замислена како “интерактивна лабораторија“, а истата е проект на јапонскиот архитект Шусаку Аракава и неговата сопруга, поетесата Меделин Гинс. Се наоѓа во Источните Хемптони, престижна населба покрај Њујорк и малку е да се каже дека по изгледот силно отскокнува од околината.

Но, некои тврдат дека куќата поради својата специфична структура и “чуден“ дизајн го подобрува здравјето и го успорува стареењето. Авторите за овој прект зборуваа дека неговата необична форма ги тера луѓето да ги користат своите тела на неочекувани начини, предизвикувајќи рамнотежа и стимулирајќи го имунолошкиот систем.

Куќата од скоро е достапна на пазарот на недвижнини и чини 1.495.000 долари, што е прилично ниска цена за Хемтони, особено ако се земе во предвид култорно-историскиот аспект на проектот.

Куќата има 225 м2, обоена во 52 силни бои и ако ги изземеме ѕидовите, не содржи ниту една рамна површина. Со самото тоа движењето во објектот е отежнато, па секаде во ентериерот се монтирани држачи, за да можат посетителите полесно да се движат.

Инаку, Шусаку Аракава и Маделин Гинс се запознале во раните 60-ти од минатиот век и слените четири децении ги поминале заедно. Тие се автори на книгата “Архитектонско тело“ во која го воведоа терминот “bioscleave”, кој се однесува на начинот на кој телото ја прифаќа околината или се двои од неа.

Куќата во Хемптоните е нивен прв заеднички архитектонски проект, кој името го доби токму по споменатиот термин. Работата на овој проект беше нивна борба против смртноста и секако придонес во истата.

Извор: gradnja.rs
Текст: Бранка Маленица
Фотографии: Брокерска компанија Brown Harris Stevens

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.