Многу вкусен и декоративен ролат со суво овошје. Се подготвува брзо и лесно, а веќе за еден час можете да го исечете и служите.

Уживајте во уште еден рецепт на ситни, непечени колачиња, кој може да биде и посен доколку користите посен маргарин.

Потребни состојки:

– 1 лист обланда
– 100 грама суви смокви
– 100 грама суво грозје
– 100 грама суви кајсии
– 100 грама суви сливи

(Сувото овошје можете да го комбинирате по сопствен вкус)

– 100 грама мелени ореви (препорачуваме пола сецкани)
– 100 грама мелени бисквити
– 100 милилитри вода
– 50 грама маргарин
– 3 до 5 лажици шеќер
– 1 лажица арома ванила ( не е неопходно)

Ставете ја обландата да стои меѓу мокра крпа и да омекне. За тоа време исечете го овошјето, сомелете ги оревите и бисквитите. Зовријте ја водата со маргаринот, шеќерот и аромата. Со жешкиот сируп прелијте ги исечените состојки, промешајте и веднаш премачкајте преку обландата. Завиткајте и оставете да се стегне. Исечете и послужете. На здравје!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.