Обединетите нации ќе ја вклучат реге музиката во листата на светското културно богатство, бидејќи таа заслужува да биде заштитена и промовирана.

Овој музички стил се разви во Јамајка во 60-ите години и благодарение на имињата како Боб Марли, Питер Тош и „Тутс енд мејталс“ се здоби со глобална популарност, поради што ОН одлучи да ја додаде во својата колекција на нематеријално културно наследство.

„Регето е социо-политичко, сензуално и духовно. Тоа опфаќа прашања за неправдата, отпорот, љубовта и хуманоста и се прошири во сите агли на светот“, соопшти УНЕСКО.

Од Карибите, регето прво стана популарно во САД, но особено плодна почва најде во Велика Британија, која стана дом на голем број јамајкански имигранти по Втората светска војна.

„Регето е уникатно јамајканско. Ние ја создадовме оваа музика и потоа таа се прошири низ целиот свет“, изјави министерката за култура на Јамајка.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.