Истовремено суптилен, а сепак впечатлив, тапетот комбинира природни текстури на мермер и бетон со розово- златни тонови, отпечатени во модерен геометриски дизајн, уште еден клучен тренд за оваа година.

Топол и пријатен, а сепак возбудлив и волшебен, овој тапет ви овозможува безброј начини да го уредите домот и да создадете фокална точка која ќе остави траен впечаток.

Paula Taylor, специјалист за боја и трендови, вели: Нашиот тапет на годината ја потенцира убавината на природните материјали, надополнети со суптилни метални разубавувања и трендовската палета на бои за современа графичка естетска, која се вклопува во секоја соба од домот.’

Reflections е дел од ‘Fascinating & Precious’, еден од клучните трендови на Graham & Brown оваа година.  Се работи за црпење инспирација од неистражени откритија, вклучувајќи ги небото, морето, егзотичните предели и богатството на минерали и скапоцени камења на земјата.

Како што вели Британскиот производител, дезените и принтовите се инспирирани од некој друг свет, во задушени земјени тонови и океански тонови, како пепел сива, мраз зелена, Арктичка сива и шампањ.

Минатата година, Graham & Brown го одбраа Marble Charcoal и Rose Gold за нивен тапет за 2016 година и тој беше комбинација од јаглен и розово – златна боја, за драматичен изглед.

Reflections – тапет на годината на Graham & Brown's

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.