Светските часописи за внатрешно уредување веќе ги објавија новте моменти што не очекуваат во врска со уредувањето на домоот во 2019 година? Ова се новините кои треба да ги внесеме во нашиот дом, за тој да изгледа како да е од најдобрите часописи од оваа област.

Едноставни бои

Ако погледнеме неколку години назад, најпопуларните бои во дизајнот на ентериери ќе видиме дека во 2017 година преовладуваа пастелните нијанси, во 2018 година – боите на скапоцените камења, а во 2019 година не очекуваат едноставни бои, при што во преден план избиваат длабоката индиго, црвената и жолтата.

Природни материјали

Природните материјали се секогаш ценети од страна на дизајнерите, но сега не зборуваме за дрво, туку за камен. Мермерот во ентериерот не е новина, но сеедно, овој материјал треба да се спомене во нашите предвидувања. Трендот на мермерни површини и декоративни елементи доминира на Pinterest и Instagram и одново се повторува во домовите. Затоа ви предлагаме да купите маса со мермерна површина.

Лустери од хартија

Како антоним на мермерот, се нудат воздушести хартиени ламби. Инаку, ИКЕА, кој е “виновник” за популарноста на хартиените светилки во текот на деведесеттите години, повторно започна со нивно производство, па ова е прв знак дека овој тренд ќе стане “вирусен” во 2019 година.

Букле ткаенини

Интересни текстури се секогаш модерни! Ако текстурата на ткаенината е комплицирана тогаш другите декоративни елементи мора да бидат едноставни, па бидете внимателни. За изминатата сезона вештачкото крзно беше во мода, а денешната мода е поелегантно решение. Зборуваме за буклето како ткаенина во тренд. Ќе бидете одушевени со оваа по малку груба текстура.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.