Боксерскиот шампион, кој почина во 2016. година, беше сопственик четири децении

Мухамед Али беше американски професионален боксер, активист и филантроп. Го носеше прекарот “најголемиот“ и го сметаат за еден од најзначајните и најславни спортисти во 20. век и еден од најголемите боксери на сите времиња.
(Потсетување: Али е роден како Касиус марцелиус Клеј Јуниор, но во 1964. година ја зема Исламската вера и го смени имет0.)

Поранешниот дом на боксерскиот шампион во Мичиген, продаден е за 2,5 милиони долари. Во јуни минатата година, вдовицата на Али, Лони Али, реши да го продде имотот на кој познатиот боксер живеше 40 години. Имотот се наоѓа во бериен Спрингс, а сместен е на речниот брег. Вклучува главна куќа со големина од 367 м2, базен, надворешна кујна, климатизирани гаражи, две штали, кошаркарско игралиште и канцеларија. Секако, имотот не би бил потполн без теретана, која е потполно опремена, се разбира со боксерски ринг, сауна, соба за масажа и хидромасажна када. Ентериерот на куќата е удобен и не е уреден без вкус, како што е случај кај многи познати спортисти. Има многу дрвени елементи, поплочени подови и топли теписи, кои пречекувале многу гости, а тука можеше да се соберат дури 500!

Фотографии: Courtesy of Cressy & Everett Real Estate

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.