Древното кинеско учење Фенг шуи има за цел привлекување на позитивната енергија, а тоа се однесува и на привлекување на благосостојбата, богатството и личниот напредок. Неговиот концептот вклучува радост, мир и хармонија која ќе го привлече богатството кое ви е потребно во животот. Југоисток е правецот во Фенг шуи кој се однесува на благосостојбата, а владеjaчки елемент е дрвото.

Исчистете го нередот

Според фенг шуи, доколку почуствувате дека не ви оди најдобро на финансиски план, можеби треба да направите само мала промена на предметите во домот, за да привлечете богатство.

Уреден дом – предуслов за благосостојба

Еден од начините да се постигне оваа е да се расчисти физичкиот неред во вашата околина, што ќе доведе до помал ментален неред во вашиот живот. Ако влезете во соба која е чиста и уредна, ќе забележите дека вашиот ум ќе биде поопуштен и посмирен, што е предуслов за проектирање на позитивна енергија. Оваа позитiвна енергија ќе привлече уште повеќе позитивна енергија, што е една од главните цели на фен шуи.

Значи, една од првите работи која треба да се направи е да се исчисти просторот во домот. Фрлете ги сите расипани и неупотребливи предмети, оние кои не сте ги употребувале со години, за кои се поставува прашањето дали некогаш повторно ќе ги користите. Југоисточниот агол на куќата или станот треба да биде исклучително чист и уреден. Совет е тоа место да биде осветлено преку целиот ден.

Поставете фонтана или аквариум

Вие и вашата околина треба да бидете канали низ кои ќе се создава позитивна енергија. Според фенг шуи, постојат многубројни техники кои може да ви помогнат да создадете позитивна енергија. Една од нив е водата која тече. Таа го зголемува ефектот на дрвото. Водената фонтана претставува едноставен начин за креирање на позитивна енергија, а истовремено и помага во создавање на опуштена атмосфера.

Фонтаната го привлекува богатството

Наместо фонтаната, во југоисточниот дел може да се постави и аквариум кој треба редовно да се одржува. Треба да се изберат поенергични риби со живи бои, кои би ја стимулирале позитивната енергија (на пример, златни рипки). Би било добро бројот на рибите да биде девет, кој според фенг шуи е среќен број. Не е добро да се има истовремено и фонтана и аквариум бидејќи ефектот би бил пресилен.

Бидејќи водата е поврзана со богатството, истекувањето на водата симболизира расипување на богатството. Славините кои прокапуваат, според фенг шуи, претставуваат бегање на богатството од нас, додека затнатите доводи симболизираат забавен проток на парите. Затоа е битно редовно да се одржуваат славините и водоводните цевки во домот.

Симболи на богатството

Постојат многу симболи во фенг шуи кои привлекуваат богатство. Употребувајте ги оние кои најмногу ви се допаѓаат или пак најмногу ве асоцираат на богатство и благосостојба.

Кинески парички

Кинеските парички поврзани со црвена врвка се смета дека се среќни кога станува збор за внесување на богатство во домот. Овие парички може да ги ставите на место каде што ќе бидат во постојан контакт со вашите пари.

Фигура на Буда кој седи на куп од пари

Тронога жаба и желка, фигура на Буда кој седи на куп од пари, како и макета на трговски брод натоварен со богатство исто така симболизираат и привлекуваат богатство. Пар од кинески Фу песови, мажјак и женка, кои се поставени пред влезот во деловниот простор, според фенг шуи, помагаат да се донесат финансии во тој простор.

Пар Фу песови

Извор: Се За Домот

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.