Ова шармантно станче што можете да го видите подолу е токму по вкусот на една млада жена. Тоа е скриено во 36 квадратни метри и се наоѓа во Стокхолм, Шведска.

Дневниот престој е мал, но удобен простор за дружење и релаксирање. Опремен е со бел кауч, соодветна табуретка и бела масичка за кафе и поставен е наспроти прозорецот пред кој може да се спушти платно за проекција на филмови и телевизиски програми. Катчето е дополнително украсено со плитки бели полици со големи слики кои внесуваат боја и дезен во просторијата, а сивиот килим на подот е во склад со перничињата. Зад каучот има завеса која го исполнува празниот простор на ѕидот.

Покрај дневниот престој е сместена едноставна, но елегантна кујна со трпезарија, која ја сочинуваат тркалезна маса со четири столици во комбинација од бела боја и светло дрво, а на подот е поставен соодветен сив тепих.

Кујнските елементи се во две бои: бела боја избрана за горните кабинети и петролеј зелена за долните елементи, што создава ведрина во просторот. Спалната соба е во посебна просторија и е декорирана со комбинација на сива и бела боја, со додавање на светло дрво. Вниманието во собата го привлекуваат неколку одлични детали, како што се тапацираното узглавје на креветот, висечките наткасни и делот за складирање кој вклучува висечка закачалка, отворени полици и елементи од светло дрво.

Бањата е исто така усогласена со остатокот од собата преку петролеј зелената боја на елементот за бања, белите полици и сивите плочки со дезен.

Поврзани содржини – мали станови

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.