Денес ве водиме во еден прекрасен Шведски стан, полн со карактер и особености. Се наоѓа на вториот кат во една стамбена зграда, со големина од 110 м2. Неговите соби се обоени со светлосива боја, а подовите се дрвени, изворни. Има континуиран план и непречен поглед на парк и двор.

Дневен престој

Дневниот престој не е соба која лесно ќе ја заборавите. На ѕидот се импресивни сиви штукатури, во потемна нијанса на сива, кои се протегаат до височина од 1.90 метри. Тука е и прекрасниот бел камин со цветни украси. Собата е голема и светла,. Опремена е со голем, елегантен кауч и голема трпезариска маса. Подот е изворен и е од бор.

Работна соба

До дневната соба е сместена убава работна соба. На ѕидот до прозорецот се наоѓа вградена полица со книги, која го опкружува просторот и нуди многу место за складирање.

Кујна

Кујната е пространа со доволно простор за складирање и работен простор. Елегантните кујнски елементи во светла и темносива боја, надполнети се со мозаик плочки, а работната површина е од дабово дрво и има двоен садопер од нерѓосувачки челик. Кујната уште е опремена со електричен шпорет, рерна, микробранова печка, машина за миење садови, фрижидер и замрзнувач. На подот е дабов паркет, а до прозорецот повторно голема маса за јадење.

Спална соба

Спалната соба е голема и светла. Свртена е кон внатрешниот двор на зградата. Тука можете да се разбудите со звукот на запален огин, затоа што има функционален камин. Собата е опремена со брачен кревет и мебел за складирање. Од оваа соба кон терасата на апартманот не води двојна врата. Смата тераса е свртена кон исток и е идеална за пиење утринско кафе.

Бања

Станот има убава бања. На ѕидот се наоѓа тушот, а од спротивната страна голем умивалник со елемент. Ѕидовите се поплочени со големи бели плочки, а на подот се сиви со подно греење.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.