На пазарот има се поголем број мали станови, а купувачите најчесто се откажуваат од просторот токму на трпезаријата.

Поради тоа се обидовме да ги согледаме можностите, како во мал стан сепак да добиете убав простор за јадење. Погледнете некои од решенијата.

Трпезарија во состав на кујната

Не ви е неопходна трпезарија за да имате катче каде што ќе јадете, затоа што делот за јадење секогаш можете да го сместите во кујната. Со оглед на недостаток на просторот, многу е важно да се искористи секој сантиметар од просторот.

Малата масичка со димензии 75×75 сантиметри е поставена до ѕид. Наместо столче во аголот е посатвена мала клупа за седење, под која се наоѓа простор за чување предмети. Доколку ги споредиме клупата и класичното столче, малата клупа ја освојува трката, затоа што зазема помалку место, а просторот под неа може корисно да се искористи.

За да го искористите и ѕидот над масата, посавете полици, висечки елемент или направете место за закачување на садовите.

Ѕидна маса

Маса која по употреба можете да ја склопите до ѕидот. Воглавно е правоаголна,а оние кои можат да се купат во продавниците најчесто се со димензии 90×50 и 80×60 сантиметри.

Маса пеперутка

Овој облик на маса е веројатно најдоброто решение за малите станови. Малата маса во основа, лесно се проширува со подигнување на крилјата. На сликата е маса, широка 80 а долга 74 сантиметри, со спуштени крилја, односно 138 кога крилјата ќе бидат кренати.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.