Како што е Венеција едно од централните места во Европа, така и хотелот Пападополи е една од главните локации на овој специфичен град.

На самиот источен влез на Венеција, штом се помине мостот Ponte della Libertà, се завршува патувањето со автомобил и почнува една голема пешачка авантура.

Како специфична градска капија, тука се наоѓа преубавиот јавен парк, чувениот Giardini Papadopoli, а внатре во него совршеното одморалиште со четири ѕвездички – Хотел Пападополи Венеција, дел од групацијата MGallery by Sofitel Collection. Луксузниот бутик-хотел, потполно уреден во венецијански дух, е само дел од големата историја на тој локалитет.

На почетокот на XIX век, грофот Спиридон Пападополи, богат стопанственик, купи голем дел од имотот во Santa Croce. Грофот Спиридон сакаше да направи летна резиденција, со голем парк како подарок на својата млада сопруга Тереза Москони.

Тој проект, денес познат како Градината Пападополи, го осмисли и изведе сликар, архитект и професор по пејсажна архитектура, Франческо Бањара. Бидејќи тој беше и сценограф на познатата опера Gran Teatro La Fenice, направи бројни сетови за оперите на Џоакино Росини, кои и денес се изведуваат ширум светот.

Денес можете да почувствувате дел од таа атмосфера ако одседнете на истото место, каде што во своите раскошни тоалети се собираа луѓе под маски. Хотелот Пападопули Венеција има еден влез од страната на градината, а втор, главен, се наоѓа на каналот Толентини.

Тука се наоѓа и малиот, приватен мол, благодарејќи на кој до хотелот може да се пријде и со гондола или водено такси. Јавните гаражи се оддалечени само околу 300 метри, така што ова место е идеално за сите оние кои ќе се одлучат венеција да ја посетат со кола.

Уметничките, културните и историските споменици се многу блиску; Гранд канал, Уставниот мост и преубавата Scuola Grande di San Rocco оддалечени се пет, мостот Риалто десет, а познатиот плоштад Свети Марко само дваесетина минути во лесна прошетка.

Хотелот Пападополи Венеција неодамна е комплетно реновиран во стил од XVIII век, за да ги евоцира спомените на историски познатата раскошност на Венеција и на своите посетители им овозможи автентично доживување на минатите времиња. За таа прилика користени се надалеку познатите Рубели текстилите за мебел и Фортуни осветлувањето.

Хотелот е во можност на своите гости да им организира возење со гондола по каналите на Венеција, голф партија со девет дупки, патувања до блиските острови, Мурано, Бурано и Торчело, како и посета на прочуеното казино. Сите 96 соби имаат преубав поглед: или гледаат на каналот Толентини или на градината Пападополи. Сосема е доволно да седнета на тие мали, со жива ограда многу цвеќе, бохгати тераси и да ја впивате раскошта на Венеција.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.