Утрово, на 81-годишна возраст почина режисерот и професор Љубиша Георгиевски, кој е и поранешен претседател на Собранието и амбасадор.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

Како политичар, бил претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор во Бугарија 2000-2004, потоа и амбасадор во Белград, и претседател на Собранието на Република Македонија 2006-2008.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 претстави во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД. Објавил десетина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма.

Георгиевски е добитник на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сѐ уште се на репертоарот.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот и поранешен директор на Драмски, Роберт Вељановски.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.