Ненадејно вечерва во Лондон поочина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.

Горан Стефановски, еден од најдобрите драмски писатели во екс Југославија е роден во 1952 година во Битола, во театарско семејство, од мајка – актерка и татко – актер и режисер. Детството и младоста ги помунува во театарот, кому му го посветува и целиот живот .
Студира англиски и литература, а во 1972 студира драматургија на Театарската академија во Белград каде магистрира, а подоцна и докторира. Работи како професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност.

Со појавата на Горан Стефановски современата македонска драма доживува голем успех. Негови драми се: „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.

Пишува ТВ драми: „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“, ТВ сценарио за „Томе од бензиската пумпа“, ТВ серии: „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“, Радио драма: „Чиракот Шекспир“ итн.
Добитник е на престижните награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата„Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Беше член на Македонскиот ПЕН центар, член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година и дописен член на МАНУ. Живееше и работеше во Лондон.

Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре.

Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

“Јас сум Балканец и тоа не би го менувал за ништо друго. Но истовремено се обидувам да го освестам она што тоа значи за мене. не сакам фундаментални припадности спрема било што, не сакам кога нештата наводно се подразбираат сами по себе. Го сакам Балканот, но без потреба да бидам горд на него, ниту да се срамам од него. Но ајде да бидеме малку горди!” – рече Стефановски во едно интервју.

Горан Стефановски имаше 66 години.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.