Ако барате мала куќа за одмор, која можете да ја изградите само 2-3 недели, ќе ви се допадне идејата на младиот фински дизајнер Робин Фалк. Функционалната викендичка е сместена на брегот на архипелагот Сипоо и благодарејќи на креативниот дизајн, на најдобар начин го користи достапниот простор.

Според финскиот закон, за објектите кои не ја надминуваат површината од 9-12 м2 (во зависност од областа), не е потребна градежна дозвола. Затоа, тогаш 20 годишниот Робин, на кого му се наближуваше служењето на воениот рок, реши да не губи време во собирање на потребни документи и да ја дизајнира оваа мала куќа, која може брзо да биде изградена.

Не само што заштеди време и пари за добивање на дозволата, тој успеа да пронајде и рециклирани материјали и од нив да го изгради најголемиот дел од куќата. Тоа дополнително ги намали трошоците на градбата, па така вкупниот трошок на крајот изнесуваше 9.000 евра.

“Пронајдов прекрасен плац и решив да дизајнирам компактен дом за себе. Сакав максимално да го искористам малиот простор, да ги употребам локалните, рециклирани материјали и да ја изградам викендичката самостојно“, објаснува Фалк.

Неговата посветеност на медитацијата и будизмот го поттикнаа да ја засака природата. За време на изградбата на викендичката тој се трудеше да ги почитува тие принципи и затоа ги одбра материјалите кои не и штетат на природата и се од локално потекло.

Следејќи ја филозофијата, до која се прдржува како индустриски дизајнер, тој во дизајнот на куќата ги отфрли сите непотребни елементи и го задржа само основното.

Дневната соба и малата кујна се капат во дневна светлина, благодарејќи на двојно високиот прозорец. Клуб масата и држашот за звучникот се исто така направени од рециклирано дрво. На галеријата од 5 м2 е сместена спалната соба.

Најголемиот дел од куќата го изгради сам, додека за правењето врати и прозорци ангажираше локален столар. До самата куќа е изградена пространа тераса за одмор и опуштање, набњудување на шумата, морето или ѕвезденото небо.

Освен необичниот дизајн, куќата доби и интересно име, Нидо, што преведено од италијански значи гнездо, што сосема одговара ако се земе предвид дека неговото презиме на шведски значи сокол.

Извор: KucaStil

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.