Почитувани сограѓани

Здравствената животна средина е суштински фактор за постоењето на секој ентитет! Сведоци сме на алармантната загаденост која летаргично ја прифаќаме. Проблемот со години се зголемува. Ваквата состојба е одраз на нашето работење. Протокот на воздухот е намален со лошата поставност на станбените објекти. Дозволениот увоз на половни возила како и неинсталирање на филтри на најголемите загадувачи, Скопје е на европскиот пиедестал, како опасно место за живот!

Дали власта ќе се одлучи за возење пар-непар, исклучување на одредени загадувачи, прскање со супстанции … тоа е со временски и слаб ефект. Белите дробови на нашата планета претставуваат океани и шуми. Рамнотежата е глобално нарушена, но ние не можеме многу да го направиме. Постои ден на дрвото но тоа не е доволно и соодветно.

Волшебно стапче не постои но има решение, се вика: Paulownia Bellisima!

Почитувани, ова листопадно дрво е високо отпорно и не знае за болест. Годишно расте 3 – 4 метри, што е непојмливо фантастично. Високата продуктивност и квалитетот на дрвната маса го направија бесценето. Се употребува во сите индустрии (IKEA се базира на него), а пред се во бродоградбата, ексклузивен мебел, палети за греење поради енормо високата енергија при согорување. Но нас не не интересираат бизнис придобивките, нас не интересира кислородот! Ова дрво со своите листови прави големи ладовини, а апсорпцијата на СО2, во однос на другите дрва е 10 пати поголема! Цветовите му се убави и медоносни, со богати антиоксиданси. Апелираме до целата јавност, застанете масовно до нас и ширете ја оваа објава. Да ја инволвираме власта, институциите и надлежните и да го засадиме ова дрво. Македонија нека стане зелена оаза! 

Секој заинтересиран нека кликне на интернет “ Paulownia“ и ќе ги запознае благодетите на ова дрво!

Споделувајте ја оваа објава, редовно, секојдневно. Ова ние повеќе од потребно, на сите нас!

 

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.