Во некои домови, кујната и трпезаријата се централни простории. Ако чувствувате дека нешто им недостасува, ви нудиме 6 совети, како да го подобрите изгледот на просторијата.

Се е во деталите. Ако мислите дека на вашата кујна или трпезарија нешто им недостасува, за да се чувствувате совршено пријатно, обидете се со детали. Во продолжение ви прикажуваме неколку едноставни идеи. Некои од нив сигурно можете веднаш да употребите, а за останатите ќе ви биде потребно трпение и се разбура желба. Во секој случај ќе бидете задоволни од резултатот.

1. Послужалник на маса

Пронајдете послужалник кој не го користите често. Можете да го употребите дури и оној кој стои со години. Ќе ви служи само како декоративен елемент. Поставете го на маса, а на него ставете еден голем цвет или повеќе мали украсни тегли, миризлива свеќа и уште неколку ситници по желба. Ако имате навика да оставате пенкала, пепелјари и слични помали предмети на масата во трпезаријата, послужалникот ќе ве натера да ги соберете сите на едно место по користењето.
Доколку го нема хаосот на масата, просторијата ќе изгледа поуредно!

2. Букет свежо цвеќе

Свежото цвеќе ќе ја направи секоја просторија поудобна и повесела. Ако имате навика за купување на свеж букет на пазарот, вашата просторија секогаш ќе изгледа весело и пријатно, а ќе биде исполнета и со многу позитивна енергија.

3. Чинија со овошје

Чинијата со овошје, по букетот со цвеќе, сигурно е еден од најкласичните елементи во кујните и трпезариите. Можеме да кажеме дека е безвременски елемент. Освен што, како и цвеќето, венува пријатна и весела атмосфера во ентериерот, ќе ве потсети понекогаш да каснете и малку овошје за вашата здрава исхрана.
Освен тоа, таа чинија не мора да биде класична. Поставете висечка кошница, како на сликата.

4. Рачки на мебелот

Ова е малку поголем проект од претходните три, но ова е промена која навистина прави разлика во просторијата. Отстранете ги старите, здодевни рачки од кујнските елементи на кои се навикнавте во тек на годините. Поставете нови, посветли, сјајни, со поинаков облик…

5. Мала градина на прозорецот

Потребни ви се само неколку украсни керамички теглички и веќе ќе се забележува разликата во тој дел од ентериерот.

6. Дополнително светло

Вечерните а и ноќните јадења можат да станат уште поинтерсни. наместо да палите големо светло и да се расонувате додека одите по еден залак или шолја млеко, поставете лампа на кујнаската површина. Освен што ќе добиете нова перспектива на кујната, во тоа време на ноќта, нема да бидете сосема расонети од стандардното голрмо светло.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.