Во фенг шуи светлото е битен елемент на поттикнување на животната енергија во просторот, но важно е и да се пронајде рамнотежата, бидејќи ни премалку, ни премногу светло не е поволно. Ако во просторијата влегува премногу сонце, таа може да стане премногу загреана и неудобна за престој. Во тој случај треба да се стават полупроѕирни завеси или ролетни (по можност од природен материјал). Од друга страна, просториите кои се свртени на север или оние низ кои влегува малку дневно сонце стануваат умртвени.За активација на темните простории или агли се користат вештачки извори на светло: лустери, плафоњерки, столни и подни лампи како и рефлектори.

Во спалните соби се препорачуваат пригушени светла и повеќе извори на послаба светлина, додека во дневните соби потребно е да се постават повеќе расветни тела со различна јачина. Во кујната и купатилото пожелна е добра расвета – никако не се препорачуваат слаби лампи или плафоњерки.

Во трпезаријата доволно е да има лустер, т.е. неколку рефлектори над масата, или свеќници, но силното директно светло над масата не е добро.

Работните простории истотака бараат добро осветлување, а столната лампа е неизоставен извор на светлина. Лампите (подните и столните) се насочени кон таванот помагаат во активација на просторот со кос кров, кај ниски простории, како и кај оние кои имаат габаритна покуќнина.

Сјајните предмети имаат способност за рефлектирање, тие ја активираат енергијата така што ја привлекуваат или ја зголемуваат светлоста. Посебно се корисни во мрачните агли, т.е. во празните, неукрасени подрачја.

Во сјајни предмети ги вбројуваме огледалата, стаклото, кристалите и сите предмети со сјајни поврина. При поставување на предметите со сјајна површина, треба да се види дали во нив се рефлектира нешто вредно или позитивно.

Огледалата, според фенг чуи, удвојуваат се што се случува околу нив. Поради тоа посебно внимание треба да се посвети на правилното поставување на огледалата во просторот, за да не го удвојуваат несаканото. Поволно е кога се поставуваат огледала во долг ходник. Особено е добро огледалото да го има во трпезаријата, бидејќи ја удвојува храната која се поврзува со благосостојбата. Огледалото не треба да биде спроти: влезната врата, прозорците, WC шољата, фрижидерот, креветот како и да гледа во друго огледало.

Извор: Се За Домот

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.