Нејзиниот дел од рајот во New York

Погледнете во раскошниот пентхаус стан на Meryl Streep

Оскаровката, една од најдобрите актерки на сите времиња и ѕвездата на филмот “Mamma Mia“, Meryl Streep, го продава својот раскошен пентхаус за 24, 6 милиони долари.

Луксузниот пентхаус во зградата River Lofts, која е сместена во еден њујоркшкиот градски кварт, Meryl  реши да го продаде по само еден месец откако таа и нејзиниот сопруг, уметникот Donald Gummer купија недвижност во Pasadena, за 3,6 милиони долари.

Брачниот пар овој дом го купи во 2006 година, по цена од 10 милиони долари, а се простира на 366 м2.

Четирисобната недвижнина со покриена тераса, има голем дневен престој и библиотека од која има прекрасен поглед на реката Hudson.

Од главната спална соба се влегува во големиот гардеробер, дневна соба и мала бања, исполнета со мермер и рестенија. Освен главната, секоја спална соба има своја бања.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.