Има нешто во становите под кос покрив, што ги прави така пријатни и посакувани. Нели? Токму како овој Париски стан, со рустикални греди и драматично кос кров. Не, не изгледаше секогаш толку убаво. Станот е сместен во квартот Ivry-sur-Seine и само неколку километи е оддалешен од центарот на Париз. Но, беше преполн со недостатоци. Уништени подови и греди, ниски тавани, разлики во висините, стара боја на ѕидовите, лошо изведена бања и мала кујна, беа вистински предизвик за архитектката Prisca Pellerin, која е заслужна за потполната трансформација на овој двособен стан од 64 м2.

Целта на адаптацијата беше да се внесе многу повеќе светлина, да се отворат просторите и да се поврзат. Архитектаката си дозволи да си поигра со разни нијанси на бела и сива, дезени, сјајни и мат бои, полиран бетон, со кожа и антилоп, лен, цигла, бело дрво и челик. За ѕидовите ја избра белата боја, која не влијаеше на карактерот на овој преубав стан, туку внесе топлина и пристапност. Дури и едноставниот декор е надополнет со растенија, кои му даваат свежина. За да визуелно ја зголеми височината на таваните, архитектката избра големи прозорци и низок мебел.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.