На почетокот на месецот, стилската икона Ирис Апфел и онлајн продавницата Grandin Road  ја претставија декоративната колекција “Iris Loves Grandin Road“, која се состои од декоративни предмети, мебел и парчиња за забави кои се ехо на енергичниот и ексцентричен стил на oвaa икона.

Апфел, која е мајстор на облека и накит и мешање на дезени и бои, од прва рака ја знае важноста на акцесоарите. И во последната колекција на Апфел, нејзината радосна стилска филозофија се протега до домот.

“Голем дел од животот го минувате во домот,” вели Апфел. “Сакате тој да ве орасположува и по малку да се забавувате. Јас сметам дека светлите бои и предмети можат да го сторат тоа.”

Новата декоративна колекција на Ирис Апфел пренесува во домот дел од џунглата

Новата линија на мебел и декор црпи инспирација од сликата од Хаити од уметничката колекција на Апфел.   “Тоа е слика со многу различни животни.  Скоро како семеен портрет на разни животни заедно,” вели таа.  “Си помислив, ‘Колку би било убаво кога би можеле да изработиме садови за на маса’- и тука започна сé.

Колекцијата која е интересна и софистицирана  се одликува со Карибски мотиви, органски материјали и живи бои.

“Ирис е културна икона на која клиентот на Grandin Road и се восхитува,” вели претседателот Џејсон Џонс. “Нејзината умешност да гледа на светот како инспирација, да најде убавина насекаде и смело да ја спои – е дефиниција на креативноста.”

Новата декоративна колекција на Ирис Апфел пренесува во домот дел од џунглата

Со бекграунд во дизајнот на ткаенини (Ирис и нејзиниот сопруг Карл ја водат текстилната компанија Old World Weavers веќе 42 години), ткаенините во последната колекција на Апфел се спој на луксузни влакна,интересни дезени и весели бои.

“Сакам различни текстури – кадифе во комбинација со Монголиско јагне” – вели Апфел. “И сакам бои што се весели и со различни тонови.

Новата декоративна колекција на Ирис Апфел пренесува во домот дел од џунглата

Филозофските изјави на Апфел (како на пр. More is more, less is bore) се испечатени на перничињата, тањирчињата за десерт и врамените уметнички дела.  “Тоа е мојата доктрина,” вели таа. “Така ги чувствувам нештата.”

Колекцијата е гламурозна, а сепак удобна- исто како и иконскиот стил на Апфел: ѕвездата е позната по носењето на фармерки со чевли со шљокици и бунда.

Новата декоративна колекција на Ирис Апфел пренесува во домот дел од џунглата

Апфел, која вели дека нема правила за стилизирање на нејзиниот дом, на оние кои го уредуваат домот им советува да  ги следат своите инстинкти и да не следат трендови.  “Купете го она што сте вие и она во кое што вашето семејство ќе ужива. И експериментирајте.”

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!