Данската модна дизајнерка Stine Goya дефинитивно има уникатен стил, така што воопшто не нè изненадува посебноста на нејзината кујна.  Она што е зачудувачки е податокот дека сите кабинети во кујната се од ИКЕА.

Никогаш нема да поверувате од каде е оваа кујна

Базите на кабинетите се од ИКЕА, но нивниот преден дел- вратите, се всушност од Reform, компанија која, како и Superfront и Semihandmade, изработува врати, кои се дизајнирани така што да одговараат на основите од ИКЕА.  Нивната линија на врати и фронтални делови Basis  е елегантна и едноставна, со интегрирани тркалезни рачки, а нивната серија Sigurd Larsen е направена од алуминиум, обложен со прав.  Линијата од Christina Meyer Bengtsson се состои од фронтални делови на кабинетни во сива, придушена розова боја и да – светол златен месинг.

Апсолутно, сé во кујната е црно или  од месинг, а резултатот е изглед кој повеќе е налик на скулптура, отколку на кујна.  Златната боја на ѕидовите го подобрува изгледот уште повеќе, додавајќи му чувство на седумдесетите.

Кујната од месинг не е за секого, но сепак, возбудливи се можностите за надградба на обичните кујнски кабинети од ИКЕА.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!