Не знам за вас, но јас секогаш барам нови начини да го осмислам личниот простор, каков што е мојата спална соба. Таа е моето омилено место за читање секоја вечер, место каде што на масичката крај креветот ставам миризливи свеќи и соодветно осветлување за амбиентот да ми овозможи да се опуштам.  Спалната е местото каде што го минувам моето поспано неделно утро, будејќи се бавно и моето крајно засолниште од надворешниот свет, каде што ги полнам батериите и каде што го добивам толку потребното време за себе.  Отсекогаш имам посебно чувство кон  интимноста на спалната соба, па мислам дека Пинтерест е совршено место за сонување за нови и креативни начини на украсување на овој простор кој најмногу го сакам.

Во прилог ќе најдете неколку наши најпосакувани, неконвенционални масички за крај креветот, кои се забавни, еклектични и инспиративни.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.