Ви претставуваме четири најчести начини за организирање на спалната соба

Queen size креветот е идаеален за секого и претставува американски стандард за кревет. Се едно дали се работи за возрасна особа, тинејџери или пар, оваа димензија на кревет ќе се вклопи во било која форма на просторија.

Со оглед на тоа дека една третина од животот го поминуваме во спалната соба, таа знае да ни послужи и како работен простор, а исто така и место за одлагање на предмети од домот. Тоа докажува дека во спалните поминуваме доста време и затоа е важно во нив да се чувствуваме пријатно.

Во продолжение погледнете ги следните четири форми на спални соби и идеи како да го вклопите својот queen size кревет.

Соба со  форма на квадрат

Овоа форма на соба е одлична за сместување на мебел, затоа што сите елементи можете да ги поставите симетрично и да добиете чувство на складност во својата спална.

Соба со правоаголна форма

Предноста на овој простор е во тоа што можете да ја одвоите спалната од работната соба, така што креветот и шкафот ќе ги сместите на едната страна од собата, а работната маса на другата. Празнината во средината е таа која ја прави невидливата преграда помеѓу двата дела.

Соба во форма на буквата Г

Недостаток на оваа соба е во тоа што, најверојатно, нема да можете да ги сместите двете ноќни шкафшиња, а самиот кревет ќе треба да го поместите до ѕид. Другиот дел од просторијата ќе претставува одвоена зона за работа и чување на предмети. Оваа форма е идеална за оние што не ја делат собата со никого.

Соба со повеќе влезови

иако претставува предизвик, собата која има повеќе влезови е идеална за сместување на queen size креветот. Може да се стават шкафчиња од двете страни на креветот, а работниот дел и гардероберот можете да ги поставите по сопствен вкус.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.