Прикажува 1 од 2

Овен 

21 март – 19 април

 

Поголема концентрација на работа. Пријателите можат да ви помогнат, макар тоа било и со совет. Напнати сте и малку ви фали, секому да му кажете во лице што навистина мислите. Тоа не е решение за оваа недела. Требате да бидете трпеливи и поносни, затоа што тоа е добра одлука за иднината. Некои работи ве грижат и се затворате во себе. Не правете го тоа, туку доверете се на блиска личност, некој од семејството. Спијте повеќе оваа недела.

 

Бик 

20 април – 20 мај

Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до големи финансиски загуби.

 

Близнаци 

21 мај – 20 јуни

Оваа недела имате прилив на пари. Добро се чувствувате, бидејќи имате чувство дека ќе бидете наградени за целиот досегашен труд. Оваа недела, се сумираат резултатите од предходниот период. Разочарани сте на реакциите од другите на вашиот успех, но важно е што вие мислите за себе. Не бидете толкав перфекционист. Бидете поодговорни кон парите, но и попрактични.

 

Рак 

21 мај – 20 јуни

Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.

 

Лав 

23 јули – 22 август

Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат пари неочекувано.

 

Девица 

23 август – 22 септември

Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.

Прикажува 1 од 2

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!