Прикажува 1 од 4

Овен 

Оваа недела ќе бидете бескомпромисни кон луѓето кои се обидуваат да ве спречат да ги спроведете вашите планови или на било кој начин ве попречуваат вашата работа или создаваат друг вид проблеми во вашиот личен живот. Сфаќате дека неделава е важна, дека ви се даваат шанси и можности кои не смеете да ги пропуштите поради нечија интервенција, лицемерие, личен интерес или злоба.

Ќе имате прилика да се соберете дома или кај роднини. Ова ќе биде поволна недела за венчавка, свадба, крштевка или годишнина од брак. Една од вашите главни грижи сега ќе биде да најдете начини и ресурси да ги решите домашните проблеми, проблемиte со имот/недвижнина, машини, автомобили и друго.

Во текот на неделата ќе имате емоционално нестабилни, но важни за вас, односи со лица родени во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Бик 

Оваа недела ќе мора да се справите со очекувани или неочекувани проблеми поврзани со пари, финансиски документи, како и со други обврски. Непријатна ситуација може да се случи со личност во знак на Лав, Стрелец или Овен.

Бидете внимателни како ги чувате парите, банкарските картички, што ветувате и на кого му позајмувате пари.  Непријатен настан може да се развие во врска со здравјето на некој близок. Најтешкиот дел од работата е што тоа лице има комплексен и избувлив карактер и ќе биде тешко да му помогнете без конфликт или тензија. Можна е разделба поради различни причини со лица во знакот на Јарец, Бик или Девица.

Мажите-Бик може да искусат промени на своите работни места, може да отсуствуваат од работа поради некоја причина или може да добијат уште една шанса во кариерата поврзана со претходна работа.

Близнаци 

Оваа недела ќе следите различни настани или ќе очекувате вести поврзани со млада личност од машки пол. Постои можност за вести, разговори, состаноци во врска со момче/раѓање машко бебе. Мажите-Близнаци до 35 години може да имаат обврски поврзани со плаќања, документи за домот или имот од друг вид.

Престои телефонски разговор со машко лице од друго место/земја. Сега е подобро да посветите поголемо внимание на пријателствата на вашето дете. Обидете се да ги запознаете оние кои сè уште не ги знаете. Постои нешто што се случува, а вие сте го пропуштиле. И покрај одложувањето на претходно планираното патување, сега може да ја отворите вратата за друга шанса.

Можни настани се поврзани со наследство, сопственост на родителите или со други слични настани и тие ќе се случуваат на растојание од вас.

Прикажува 1 од 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.