Прикажува 1 од 4

Овен
21 март – 20 април

Ќе започнете конкретни разговори, чекори и активности поврзани со важни планови и приоритети. Буквално, ќе ги одбележите задачите и задолженијата, една по една. Важен разговор или настани ќе бидат поврзани со личност во знакот на Риби, Шкорпија и Рак. Проблеми може да настанат во врска со здравјето на жена – роднина или блиска пријателка. Можеби ви треба помош од или ќе треба да се вклучите во нешто што има врска со жена над 30 години. Кај мажите, постои нешто што би можело да резултира со дополнителни проблеми за домот или имотот што треба да се решат. Можно е вашите акции да бидат зависни или поврзани со личност во знакот на Лав, Овен или Стрелец.

Бик
21 април – 21 мај

Оваа недела може да ве изненади со неочекувани трошоци. Може да добиете потсетување за пропуштени сметки. Можно е да мора итно да платите трошоци поврзани со наследен имот од почината роднина. Можно е да се добиете пари од машко лице поради момче/возрасен човек во семејството. Мажите до 44 години ќе имаат поволна недела на финансиски план. Ќе бидете во можност да се справите со притисокот поради одредени парични обврски. Оваа недела може да добиете вести или телефонски повик, коишто прво ќе ве растажат или вознемират, а потоа налутат поради одредено лице или институција. Може да се посветите на сериозен конфликт или проблем во животот на своите најблиски или пријателите.

Близнаци
22 мај – 21 јуни

Ќе има некој важен настан или собирање во врска со девојка или млада жена од семејството. Ќе добиете вест за раѓањето на женско бебе или за идно мајчинство. Добра среќа или шанса за реализација и исполнување на желба или план, благодарение на пријателски односи. Можно е оваа недела да почнете да излегувате на романтични состаноци со сродна душа или иден интимен партнер/брачен другар. Пазете се од измама, манипулација и шеми од лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Она што ќе го изгубите од вакви дејствија, не ќе бидете во можност да го вратите. Очекувајте важна недела која ќе ја дефинира годината пред вас.

Прикажува 1 од 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.